Свет

Силниот ветар ја деформираше најубавата плажа во Хрватска

По силните ветрови кои ја зафатија Далмација и ги прекинаа сообраќајните врски со островите, познатата хрватска плажа „Златни Рат“ на јужниот брег на островот Брач повторно го смени својот изглед.

Поради силниот ветер и активноста на морските струи, врвот на „Златни Рат“ се свртел кон запад, и дека плажата таквиот изглед ќе го задржи сe додека струјата и ветерот не го поправат.

Велат дека вакви случаи имало и порано, при што на врвот од островот се формира свиок со езерце во средината.

Исто така хрватскиот весник наведува дека „Златни Рат“ е заштитен природен пејзаж и посебен геоморфолошки феномен односно дека неговите песочни страни се долги околу 400 метри, а во средината се наоѓа густа борова шума.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток