Свет

„Икеа“ реши да отвори продавници во централните подрачја на неколку британски градови

Шведскиот производител на мебел „Икеа“ планира во неколку британски градови да отвори повеќе мали продавници, а ваквата одлука следи по позитивните реакции од отворањето на првата продавница во Лондон.

Хавиер Кинонес, директор на „Икеа“ за Велика Британија, рече дека продавницата во Лондон е експеримент за учење.

Тој додаде дека успехот на лондонската продавница значи дека таквиот формат на помали продавници, најверојатно, ќе се прошири и во други градови во Обединетото Кралство.

Овој концепт им овозможува на луѓето да разгледуваат предмети и да добијат совети за уредување на домот, без потреба да заминат во објект на „Икеа“ надвор од градот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток