Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека за време на посетата на Париз, во текот на овој месец, планира да се состане со рускиот и американскиот колега, Владимир Путин и Доналд Трамп, пренесе агенцијата „Тасс“.
„Меѓународен состанок ќе се одржи на 10. и 11. ноември во Париз, а на него ќе присуствува и Трамп. Ќе имаме прилика да се состанеме лице в лице и да разговараме за разни прашања. Во истиот формат, можна е средба и со Путин“, рече Ердоган на прес-конференција во Анкара.