Свет

Порошенко и патријархот Вартоломеј го потпишаа договорот за формирање на Украинска црква!

Претседателот на Украина Петро Порошенко и цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпишале договорот за создавање на самостојна Украинска црква.

Церемонијата на потпишување на договорот се одржала во резиденцијата на патријархот во Истанбул.

-Денеска е историски ден. Потпишавме договор за соработка меѓу Украина и Вселенската патријаршија. Украинците се молеа Господ да им испрати единствена православна автокефална црква, изјави Порошенко по потпишувањето на договорот.

Воедно украинскиот претседател истакнал  дека „завршува процесот , создадени се сите услови за подготовка на Вселенски сабор за да томасот биде предаден во склад со каноните на автокефална црква“.

Патријархот Вартоломеј уште еднаш повторил дека има право да дава автокефалност  и воедно изјавил „дека со ваква акција се помага во изнаоѓањето на решение за расколот кој постои во Украина веќе 30 години“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток