Македонија

Во автомобил на Кумановец пронајдени амфетамини и марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.03.2019 околу 20.00 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, полициски службеници при преглед на патничко возило „форд мондео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, пронашле и одзеле амфетамини и марихуана.

На почеток