Македонија

Циклонот Викторија ќе го зафати регионот, Македонија ќе ја одмине – ќе имаме само благ пад на температурите

Циклонот ВИКТОРИЈА во вторник наизразено ќе го зафати северниот дел на Балканот поточно најпогодено ќе бидат Словенија и Хрватска каде се очекуваат обилни врнежи од дожд кој локално има опасност и да предизвикаат поплавувања.

Поради атмосферата исполнета со енергија локално ќе има појава на поизразено невреме проследено со олуен ветер, силни грмежи како и со појава на град. Температурите на воздухот под влијание на значително посвежа воздушна маса од север значително ќе опаднат и тоа понекаде дури и за околу 10 до 15 степени.

Сепак според најавите на метеоролозите циклонот Викторија само периферно ќе ја зафати нашата држава. Во текот на следната недела има услови за локална и особено изолирана нестабилност, температурите на воздухот пак за разлика од регионот кај нас ќе бележат тенденција на помал пад или поточно некаде за 5 до 7 степени.

 

На почеток