Македонија

ФАЦ: Подобри ЕУ-шанси за Северна Македонија

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во својот денешен текст за состанокот на шефовите на дипломатии на ЕУ во Хелсинки се осврнува на македонските шанси за датум за преговори со Унијата.

Според весникот, по средбата со ЕУ министрите за надворешни работи со нивните колеги од земјите на Западен Балкан, Могерини заклучиила дека значењето на проширувањето на ЕУ дошло до израз уште повеќе отколку досега..

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ анализира дека одлука за почеток на преговори со Албанија и Македонија досега нема поради задршките на Франција, Данска и Холандија.. Според весникот, додека официјален Париз укажува на неопходноста унијата прво да се зајакне а потоа да се проширува, во Ден Хаг и Копенхаген постои загриженост поради состојбата на реформскиот процес во Албанија.. Поради ова, весникот наведува дека не се исклучува можноста, ЕУ прво да донесе одлука за почеток на преговори со Македонија..

Сепак за шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, не било неопходно да се води одвоена дебата за земјите кандидати.. Весникот пренесува изјава и на финскиот министер за надворешни според која го предупредил неговиот германски колега дека одолговлекувањето на одлуката може да придонесе за зголемување на влијанието од други држави врз земјите од Западен балкан..

 

 

 

На почеток