Виетнамски бегалец во Канада дури во средата ја подигнал својата добивка од 60 милиони канадски долари (40 милиони евра), бидејќи десет месеци психички се подготвувал за своето богатство.
„Почнав да размислувам што ќе значат тие пари за моето семејство“, рекол Бон Труонг на прес-конференцијата во Едмонтон, административниот центар на Алберта.
„Сфатив дека ќе се променат многу работи и сакав да бидам сигурен дека ќе бидеме подготвени за тоа“, рекол тој.
Десет месеци откако ги погодил броевите на Kанадската лотарија – истите што ги игра со децении – ја подигнал својата добивка.
Труонг (55), кој во Канада дошол по војната во Виетнам, планира да ја исплати хипотеката, сите други сметки и да замине на годишен одмор пред да му се врати на градинарството.
Бон Труонг сè уште не им кажал на децата за добивката, бидејќи тој сака тие да успеат во животот со својата работа. „Можеби ќе им кажам за десет-дваесет години“, рекол тој, смеејќи се.