Свет

Норвешките власти уапсија руски државјанин за шпионажа

Норвешката полиција уапси руски државјанин осомничен за незаконски разузнавачки активности, пренесоа Ројтерс и ТАСС, повикувајќи се на полицијата и медиумите.

Мажот бил уапсен на аеродромот во Осло во петокот навечер и ќе остане во притвор две недели поради ризик од уништување на докази, рекоа од полицијата.

Притвореникот учествувал во текот на една недела на семинар во норвешкиот парламент посветен на дигитализацијата.

Според норвешкиот весник „Верденс Ганг“, човекот е на 51 година. Неговата адвокатка рекла пред изданието дека клиентот нејзин не разбира зошто е уапсен и смета дека дошло до недоразбирање. Таа, исто така, рече дека неговата електронска опрема била запленета без да се специфицира зошто.

Неодамна, пак, швајцарското разузнавање потврди дека работело заедно со колегите од Велика Британија и Холандија, за да пресече руска шпионска операција која според медиумите била насочена против швајцарска лабораторија. Во институтот „Шпиц“ крај Берн се прават тестови за идентификација на химиски материи, вклучувајќи и такви од Сирија и од групата „Новичок“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток