Во земјава денеска претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид и Крива Паланка 27, Берово 26, Битола 29, Кавадарци 32, Дојран 33.
Временската прогноза за утре е променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.