Македонија

Сопругот на Јанкуловска ќе ја гони Русковска пред судот во Стразбур

Сопругот на осудената во „Тенк“ ексминистерка Гордана Јанкулоска, адвокатот Влатко Илиевски, барајќи денеска во Судскиот совет да биде разрешена судијката Добрила Кацарска, се закани дека и судот во Стразбур ќе ја гонат за пристрасност, јавува порталот СДК.мк.

Кацарска ја осуди Јанкулоска на 6 години затвор, Апелација ја намали казната на 4, а Врховен одлучи таа да не оди во затвор додека највисокиот суд не се произнесе за жалбите. Сопругот на ексминистерката поднесе претставка жалејќи се дека се закажувале чести рочишта кога Јанкулоска била во ризична пременост, но и во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

На почеток