Актуелно

ФОТО: Јанева без насмевка помина покрај таолетните школки, па стигна до канцеларијата на Русковска

По еден месец во притвор, Катица Јанева без шминка, со лисици и кесичка во рацете дојде на распит кај обвинителката Вилма Русковска. Таа беше спроведена од затворската полиција покрај кутиите од школки за во тоалет, преку градежен материјал до канцеларијата каде се одвивал распитот. Облечена во розев фустан, нејзиниот изглед предизвика бура од реакции во јавноста. Некои ја жалат ексобвинителката, некои пак, сметаат дека тоа го заслужила.

Јанева кај Русковска се задржа релативно кратко време. Околу еден час. Таа не сакала да даде изјава, додека сама не ги види доказите прибавени против неа во случајот „Рекет“, иако претходно селектирани докази и биле презентирани на нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Јанева повеќе од еден месец во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Таа е сместена во посебен оддел, заедно со уште една притвореничка. За разлика од претходно, кога се појавуваше пред камерите, ексшефицата на СЈО сега без насмевка и подочњаци дојде во Обвинителството.

На почеток