Македонија

Таравари утре ќе се обрати на јавноста за трагедијата на девојчето кое се удави во Вардар

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, утре со почеток во 12 часот во прес центарот на општината ќе одржи прес-конференција на која ќе објаснува за деталите за трагичниот настан во кој животот го загуби 17-годишната девојка Џејхан Меџити.

Тој преку својот Фејсбук профил ја сподели болката со семејството на починатата, нагласувајќи дека во слична трагедија и тој изгубил член од неговото потесно семејството. Вели дека случајот на Џехја им е мотив плус за да продолжат со акцијата за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Меџити го загуби животот давејќи се во водите на реката Вардар, откако скокнала во реката бегајќи од кучиња скитници кои ја нападнале во понеделникот во вечерните часови.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток