„Освен општ грабеж, крими картелот организиран од Зоран Заев за половина мандат испорача само лаги и системски ја уништува македонската економиja. Граѓаните неодамна беа сведоци дека криминалниот картел се обиде да украде цели 45 милиони евра преку Министерството за здравство и Фондот за иновации. Тоа е криминал кој не застарува и за кој ќе одговара бандата на власт.
Фондот за иновации го претворија во фонд за финансирање на фирми блиски до СДСМ и фирми на функционери од СДСМ.
Заеви, Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и останатите потрчковци на аболицираниот криминалец Заев за само една година успеаја да направат ршум низ институциите и заработија милиони.
Јавното Обвинителство молчи за овој скандал и не поведе постапки против сите инволвирани во скандалот „Криминални иновации”. За сите овие скандалозни поделби на пари треба да се одговара. Додека граѓаните немаат леб да јадат, Заев заедно со фамилијата и најблиските соработници се богати на грбот на народот. Освен тоа, Заев и картелот околу него кои отворија фирми низ Македонија како од шега. Прво го купија по цена како за еднособен стан струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, па камионите на Заеви почнаа да возат за РЕК Битола, а откако видоа дека и тоа им е малку влегоа во милионскиот бизнис со марихуана. Во меѓувреме си делеа концесии за глина, пренаменуваа градежно земјиште, си делеа криминални иновации и земјиште за хидроцентрали.
Портпаролот и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица. Ваквото владеење на СДСМ е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне задолжување, криминал и непотизам. Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец“, се вели во соопштенето на ВМРО-ДПМНЕ.