Македонија

Петти ден ја нема 15-годишната Вики, семејството во агонија

Пет дена семејството на 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, нема слушнато ни глас ниту има некаква трага каде може да е замината.

“Досие.мк” кинтактирало со семејството од каде им кажале дека не е најдена. Семејството живее во агонија оти како што вели таткото барем гласот да и го чуеше. Но и тоа не невозможно, токму петокот кога исчезнала телефонот го оставила дома. Колку што знаат немала момче но сепак нејасно им е како може средбел ден да исчезне.

Последен пат е видена во петокот околу 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола, каде што учи и од тој моменти се губи секаква трага. Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 410 664.

Полицијата работи на терен но засега нема никакви резултати.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток