Пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ е важен чекор во обезбедувањето на мирот и одржливиот развој на Источна Европа. Иднината на Македонија е во ЕУ и оваа шанса не треба да се изгуби, порача бугарскиот претседател, Румен Радев, по консултативната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, вицепремиерката и шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, и министерот за одбрана, Красимир Каракачанов.
„Посебно внимание треба да се посвети на наставните планови, текстовите во учебниците , натписите во музеите како и на позициите на јавните медиуми. Исто така е важно да се истакнат таканаречните црвени линии кои мора да обезбедат дека европската интеграција на Северна Македонија не е на штета на употребата на бугарската историја, јазик и идентите како монета“, рече Радев.
Премиерот Бојко Борисов рече дека ако Бугарија ја запре Македонија за ЕУ, тоа би било преседан во историјата, бидејќи немале поблизок народ од македонскиот.
„Нашата позиција од првиот ден до сега е јасна. Исклучите е важно да бидат примени во Европската унија, но многу е важно да разберат дека зависи од нас. Нема да може на наша сметка тоа да се случи прекројувајќи ја историјата. Затоа ние сме ги дале нашите права на Комисијата и ден порано ако се разберат добро ако не ќе чекаме да ги видиме нивните рекации. Нека бидат смели и нека имаат кураж, местото на Северна Македонија и на луѓето таму се во Европската Унија. Да не ја проиграат оваа шанса“, вели Борисов.
