Македонија

(ВИДЕО) Патот кој води до кичевско Крушино опасен за минувачите

Свлечишта со земја која со себе носи и дрва со се корени и одрони со карпи тешки и по неколку тона се сликата околу асфалтниот пат кој води од градот до селото Крушино, до „Мотел Крушино“ како и до спортските терени во шумата над Кичево.

Ова е единственото место за прошетки во природа на Кичевчани каде секојдневно се шетаат или рекреираат во природа, а од ден на ден патот кој води во таа природа станува се понебезбеден па дури и опасен.

„Распаѓањето“ на патот почнало со стартот на градењето на автопатот од Кичево за Охрид, а продолжило со одолговлекувањето на градбата.

Неизвесно е дали институциите ќе преземат нешто пред довршувањето на градбата на автопатот ( за која е неизвесно кога ќе се случи бидејќи постојано се одолговлекува ) или ќе се преземе нешто пред тоа бидејќи овој пат од ден на ден е се потесен и можно е со првите есенски дождови да стане и непрооден.

ВИДЕО

На почеток