Македонија

Мицкоски: Ќе подржиме развојни истражувачки центри на големи мултинационални компании во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео интервју за новинската агенција МАКФАКС, истакна дека еден од суштински проекти кој што сакам да го спроведеме е субвенција, односно подржување на отварање на развојни истражувачки центри на големи мултинационални компании во Македонија и една сериозна синергија помеѓу инвеститорите, дали тоа се меѓународни компании, домашни инвеститори, бизнисот или образованието.

Мицкоски посочи дека сето тоа подразбира коренити реформи во начинот на функционирање на образованието, бидејќи за жал денеска кадарот кој што ние го произведуваме, тоа што е супер квалитетно одлучува да ја напушти Макеодонија, бидејќи има подобри услови надвор и она останатото кое што ќе остане има мала практична наобразбра.

Треба да овозможиме да немаме одлив на мозоци тие луѓе да останат тука, да работат тука, да работат високо квалитетна и платена работа, да може да трошат, да има повеќе пари во буџетот, кога ќе има повеќе пари во буџетот ќе има повеќе пари за политиките во други области како медицината, образованието, земјоделието, вели Мицкоски за МАКФАКС.

На почеток