Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за МАКФАКС откри ексклузивна информација, дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти.
- Еве ексклузивно за вашата емисија сакам да кажам и да потврдам дека од пред некој ден практично јас ги отуѓив тие 7 проценти и веќе не сум сопственик во таа компанија. Ги отуѓив без никаков економска награда, односно новиот купец ги превзема уделот од 7 проценти во таа компанија, така што ми беше мене надоместен влогот со кој што сум учествувал се разбира, а тој ги превзема обврските кои што беа до тој момент и мои обврски, истакна Мицкоски за МАКФАКС.
Тој ги повика сите политичари кои вршат јавни функции доколку се сопственици на одредени компании или пак се сопственици на малцински пакет акции во одредени компании да ги отуѓат бидејќи како што рече тој во спротивно постои сомнеж за корупција и за влијание на одредени економски рекови во државата.