Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец ќе биде времето во Македонија денеска, според прогнозата на УХМР. Максималната темература денеска се очекува да достигне до 26 степени. Високи теператури за овој период од годината и суво време се очекуваат и во следните неколку денови. Максималните температури треба да достигнат до 29 степени.
Во Скопје и околината сончево со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 25 степени.