Утринава во Сараево се случило убиство пред кафеаната „Кај амиџе“ дознава Аваз. Повеќе лица се приведени утрово откако беше убиена дваесет и пет годишната босанска пејачка Елма, позната како Елма Милано. Како што пренесуваат босанските медиуми немилиот настан се случил рано утрово во една кафеана во Сараево каде била организирана мука во живо, додека пејачката била убиена со огнено оружје пред кафеаната.