Индискиот премиер, Нарендра Моди на својот „Твитер“ профил објави видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.
Моди и Си ќе се сретнат во популарното индиско летувалиште кое се наоѓа на листата со светско културно наследство на Унеско.
На видеото може да се види како Моди на плажата собира пластични шишиња и други отпадоци и ги става во голема пластична кеса.
„Ајде да направиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни. Ајде да направиме да бидеме здрави и во форма“, порача Моди на социјалната мрежа Твитер.
Plogging at a beach in Mamallapuram this morning. It lasted for over 30 minutes.
Also handed over my ‘collection’ to Jeyaraj, who is a part of the hotel staff.
Let us ensure our public places are clean and tidy!
Let us also ensure we remain fit and healthy. pic.twitter.com/qBHLTxtM9y
— Narendra Modi (@narendramodi) October 12, 2019