Свет

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Грчката православна црква ја призна автокефалноста на Православната црква во Украина и стана втората црква во православниот свет, по Вселенската Патријаршија која ќе воспостави канонско единство со украинската автокефална црква.

Денес на вонредната средба на телото кое го сочинуваат 80 владици, беше призната новата автокефална црква.

Седум митрополити бараа одложување на таа одлука.

Поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, од сега во молитвите ќе го спомнува и поглаварот на Украинската црква.

Според информациите од денешното заседание на Синодот, владиките со акламација гласале за предлогот на Јеронимос за признавање на автокефалноста на Украинската православна црква.

 

На почеток