Најмалку 25 луѓе загинале, а најмалку 15-тина се водат како исчезнати, при налетот на тајфунот именуван како Хагибис во Јапонија. Во невремето предизвикано од супертајфунот се повредени повеќе од 140 луѓе. Хагибис е еден од најсилните тајфуни кои го погодиле регионот на Токио во последните шест децении. До копното стигна на островот Изу, а главниот јапонски град го погоди синоќа.
Јапонските власти соопштија дека илјадници војниции чамци беа распределени во цела Јапонија со цел спасување на заробените луѓе во поплавените домови. Државната телевизија во Јапонија соопшти дека вкупно 14 реки се поплавени, на некои се излеваат на повеќе од едно место.
Тајфунот предизвика 48 одрони во 12 префектури. Околу 376.000 домаќинства останаа без струја, а 14.000 без вода.
Во текот на ноќта повеќе од 4,4 милиони луѓе добија наредба за евакуација во источна и североисточна Јапонија, вклучувајќи 910.000 во градот Кавасаки.
Во Токио околу 80.000 луѓе ноќта ја минаа во засолништа од страв од големи поплави. Премиерот Шинзо Абе свика вонредна средба на министрите, а министерот задолжен за управување со катастрофи го испрати во погодените области. На семејствата на настраданите им изрази сочувство и кажа дека владата работи на тоа да ги спаси животите на луѓето и нивните имоти.