Караванот на ВМРО-ДПМНЕ „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ на чело со лидерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Гевгелија.
- Имаме чувство како долго време никој да не ги слушнал проблемите, оние обичните проблеми на нашите сограѓани, тоа беше нашиот мотив и тоа беше нашата водилка зошто одлучивме токму од сега, неколку месеци пред време преку овие наши теренски активности да започнеме една голема широка дебата со граѓаните на Македонија и да можеме одблиску, очи во очи, гради во гради да ги слушнеме реалните проблеми а потоа да понудиме и соодветни решенија за тие реални проблеми, не оние измислените и замислените кои што се носат во оние дебели кожни фотелји газејќи ги ќе повторам оние дебели персиски килими во Владата и во Брисел, туку овие директно очи во очи со нашите сограѓани, гради во гради, каде што ќе слушнеме некоја критика и за нас и за нашето однесување, ќе слушнеме некоја критика и за минатите влади на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
- Знам дека ова се тешки моменти, знам дека сите ние очекуваме да добиеме чист датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сите ние веруваме во европска иднина и ќе продолжиме да веруваме, но нема да нè водат политичари лажливци, коишто само ветуваат, а ништо не исполнуваат, рече Мицкоски.
Мицкоски пред гевгеличани призна дека изминатиот период и ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на критика.
И на нас ни велеа имаше наши сограѓани коишто не се согласуваа со политиките на СДСМ и Зоран Заев и ни велеа зошто сте толку тивки, молчите, ве нема. Свесни бевме и за критиката, свесни бевме и за последиците кои што како политичка партија ги трпевме. Свесен бев и јас како претседател дека ќе ме искритикуваат граѓаните кои што денеска се незадоволни од ова арамиско секојдневие коешто го предводи оваа камиказа влада на чело со Зоран Заев. Свесен бев, но истовремено свесен бев и дека интересот на македонскиот народ од векови, не само сега, интересот на македонскиот народ и нашите сограѓани коишто се дел од нашата држава Република Македонија е секогаш обединета Европа, Македонија дел од тоа европско семејство.
И велевме и покрај сета жртва, сето понижување, сето омаловажување, сето она што и го нанесе како срам Зоран Заев и СДСМ веќе трета година по ред, мислевме дека нашите партиски интереси и ценевме дека нашите партиски интереси требаше да ги ставиме во втор план. Треба да му дадеме шанса на процесот, работевме, работевме и во носењето на законите, ако некој ни велеше излезете од Парламентот и бојкотирајте го. Работевме и во единиците на локалната самоуправа во советите иако некој ни велеше бојкотирајте ги. Учествувавме на претседателските избори затоа што го имавме најдобриот кандидат кој што некогаш се појавил на македонската политичка сцена и бил кандидат за претседател на Република Македонија и верувавме дека можевме да победиме со професорката Гордана Сиљаноска Давкова. Но бевме повторно жртва на тие исти измамници коишто направија инженеринг помеѓу двата изборни круга.
Ни го држеа имотот замрзнат нелегално преку монтиран судски процес Талир кој што ден денеска е актуелен, не ни го исплатија ниту партиското законски гарантирано финансирање. Влеговме во избори со микрофонот во рака, едно платно позади нас и 16 квадрати бина. Освоивме 380.000 гласа покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Република Македонија, не калкулиравме се боревме како витези. Се боревме како витези заедно со професорката Гордана Сиљаноска Давкова. Се боревме со многу пот, многу желба, на крај за жал имаше и по некоја солза. За жал не успеавме, но покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е столбот на Македонија и дека Македонија без ВМРО-ДПМНЕ не е Македонија.
Како ни одговорија, уапсија член на Извршниот Комитет, го држеа три месеци во притвор, уапсија член на Централниот Комитет, го држеа три месеци во притвор во монтирани судски случаи, немаат ни абер од обвинение, ги пуштија.
Ни велеа немојте сега му е мајката видете какви корупциски и политички афери започнувајќи од она полче се сеќавате на оној пратеник кое што уствари не било полче туку било нешто друго па завршувајќи со мега аферата рекет и велеа сега му е мајката напуштајте институциите на улица сега да го буткаме Заев, рече Мицкоски.