Лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Техничката Влада ќе биде формирана на 2 јануари наредната година. Лидерите на политичките партии се согласија дека наредната година треба да се спроведе и пописот, но по завршување на предвремените парламентарни избори.
„Имаше точка е дискусија околу лидерството на државата после историската грешка од Брисел. Едногласен став е дека евроатланските интеграции се наша цел , не прифаќаме никаква замена и остануваат како аспирации. Ја поздравувам одлуката и остануваме на патот кој што носи демократија и владеење на правото. Втората точка беше предвремени парламентарни избори. Како предлог го дадовме 22 или 29 декември да одиме веднаш на озбори и брзо во еден период кога нема ништо драматично ќе може народот да си го каже својот став. Имаше реакција дека нема 100 дена Влада, па потоа предлози 29 март, 12 април, 29 април. Постигнавме консензус за изборите да бидат на 12 април,2020 година.”, изјави Заев по лидерската средба кај Пендаровски.