Првиот човек на БЕСА, Биљал Касами не го криеше задоволството од вечерашниот постигнат договор околу предвремените избори, кои ќе се случат во март, 2020 година.
– Цело време опстојуваме на тоа дека по ова што се случи со недобивање на датум за преговори, Северна Македонија и граѓаните на Република Северна Македонија остануваат посветени на евроатланскиот пат. Да ги сработиме домашните задачи со цел на следниот самит на ЕУ да добиеме датум за преговори, рече Касами.
