Македонија

Ахмети по лидерската средба: „Најважно е изборите да се демократски и да победи најдобриот“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека одлуката изборите да се одржат на 12 април следната година била донесена заеднички, и важно е изборите да бидат демократски и согласно сите стандарди.

„Можам да кажам дека ова е најконструктивниот состанок што сум го имал досега. Сите политички партии се согласија дека нашата единствена алтернатива е Европската Унија. Разговаравме и дека е важно да заврши ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО и да се донесе законот за одбрана. Важно е изборите да се демократски и да победи најдобриот“ рече Ахмети.

Во однос на предвремените избори, лидерот на Интегративците рече дека е важно тие да бидат фер и демократски, според сите стандарди.

На почеток