Македонија

Касами: Да ги сработиме домашните задачи со цел на следниот самит на ЕУ да добиеме датум за преговори

Првиот човек на БЕСА, Биљал Касами не го криеше задоволството од вечерашниот постигнат договор околу предвремените избори, кои ќе се случат во март, 2020 година.

– Цело време опстојуваме на тоа дека по ова што се случи со недобивање на датум за преговори, Северна Македонија и граѓаните на Република Северна Македонија остануваат посветени на евроатланскиот пат. Да ги сработиме домашните задачи со цел на следниот самит на ЕУ да добиеме датум за преговори, рече Касами.

На почеток