Македонија

Предвремените парламентарни избори, го одложија најавениот попис

Предвремените парламентарни избори, го одложија најавениот попис. Премиерот Зоран Заев смета дека треба се спроведе следната година по изборите, а доколку е можно и пред изборите. „Мојот став е дека во 2020 година пописот треба да биде направен.

Пописот планиран за април, следната година, нема да може да се одржи во тој термин, затоа што се поклопува со предизборна кампања, вели директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски. Тој вели дека статистичката операција е обемна и нема да може да спроведе ниту пред април, кога се планирани изборите. Симовски рече дека не може да одговори кога и како би можело да се спроведе попис, оти Парламентот е тој кој треба да донесе таква одлука.

 

На почеток