Македонија

Макрон ќе ги посети Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија, наредниот месец ќе ги посети двете земји, објавуваат денеска албанските медиуми.

Со овој чекор, Макрон се чини дека има за цел да им докаже на Македонија и Албанија дека европските перспективи на двете земји е отворена и оти Франција ќе им помогне да ја постигнат целта. Засега, сѐ уште нема детали за посетата .

Од француската амбасада во државава засега нема потврда на информацијата дали Макрон ќе ја посети Македонија идниот месец.

На почеток