Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар на 68,5 денари за литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/литар.
Се намалува и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно отсега мазутот ќе се продава по цена од 32,954 ден/кг.
Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.