Свет

(ВИДЕО) Интелектуалци, јавни личности и граѓани протестираа во Софија против одлуката на Франција за Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред Амбасадата на Франција во Софија за да го изразат своето несогласување со одлуката на претседателот Макрон да го блокира почетокот на пристапните преоговори на Скопје и Тирана.

Учесниците на собирот го повикаа Макрон да ја преиспита одлуката и да биде на висината на големите француски државници како Де Гол и Жак Ширак и да не ја става под ризик стабилноста и безбедноста на Балканот во ваков сложен историски момент. Тие, исто така, нагласиле дека „ова е првиот протест во Европа за членство на една држава во ЕУ”.

Во писмо до Макрон организаторите на собирот го повикуваат францускиот претседател да не дозволува „Република Северна Македонија да биде втурната во политички хаос”.

На почеток