Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој се уште е во затвор во Велика Британија, се појави на судско сослушување денес, а снимателот на „Риптли“ успеал накратко да го фати додека бил транспортиран со комбе низ улиците во Лондон.
Асанж бил снимен со значително поразличен изглед, со различна брада и коса во текот на неговото апсење, а денес бил среден. Иако, како што изгледа значително и послаб.
Асанж беше приведен во мај, а на денешното сослушување повторно се жалел на условите во кои е заробен.
фото: sky news