Актуелно

(ВИДЕО) Организаторката на протестите против Преспанскиот договор вербално го нападнала Ципрас во авион

Грчкиот премиер Алексис Ципрас бил вербално нападнат за време на летот од Брисел за Атина. Нападот го извршила организаторката на протестите против Преспанскиот договор во Грција, Георгија Битаки.

Таа го следела Ципрас , го снимала како влегува во авионот, потоа му приоѓа до неговото седиште и почнува да го критикува дека тој е срам за Грција поради како што вели дека ја предал Македоија.

Поранешниот премиер на Грција, како што може да се види на снимката, делува мирно и не подлегнува на провокациите, а неговите соработници учтиво се обидуваат да ја поттргнат Битаки.

 

На почеток