Свет

Џастин Трудо победи на изборите во Канада, но го загуби мнозинството

Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговите Либерали победија на изборите во Канада и ќе ја формираат новата влада. Канадските медиуми пренесуваат дека Трудо ја добил тесната трка, но неговата партија не освоила апсолутно мнозинство.

Според Изборната комисија врз основа на 18 отсто преброени гласови, либералите освоија 145 пратенички места, додека Конзервативната партија на Канада на Ендру Шир има 106 пратеници.

Канадскиот Парламент има 338 пратеници, што значи дека за мнозинство потребни се 170 мандати.
Сепаратистичкиот Блок на Квебек ќе има 33 пратеници, додека левичарската Нова демократска партија – 20.

На почеток