Трошокот за повторен приклучок на струја се намалува за 75%. Со одлуката на Регулаторна потрошувачите кои биле исклучени поради неплатени сметки, наместо 1.700 денари за повторен приклучок или 2.500 за веднаш да добијат струја,за повторен приклучок ќе плаќаат 440 денари.
Наместо 500 евра нов приклучок за струја од денеска ќе се плаќа 370 евра. Двоењето пак на броилата како и приклучокот од монофазна на трофазна од 500 се намалува на 200 евра. Регулаторна го донесе новиот ценовник за прикучоци и трошковникот кој го одобри на ЕВН. Целта е да се намалат трошоците на граѓаните, но и на ранливите категории кои најчесто заглавувале со сметките за струја.
