Македонија

Соопштение: По 40 години, Радовиш добиваат ново погребно возило

Општина Радовиш испрати соопштение дека добиле ново погребно возило, истото, ви го презентираме во целост:

„Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, градоначалникот Герасим Конзулов изврши примопредавање на нова градежна машина – универзален ровокопач утоварувач, како и промоција на специјалното комунално возило за собирање и транспорт на смет-донација од рудникот Бучим.

Во присуство на градоначалникот Конзулов и претседателот на општинскиот совет Коле Чаракчиев, директорот на комуналното претпријатие Дејан Крстев го презентираше новото погребно возило.

Директорот истакна дека по 40 години радовишани добиваат ново погребно возило со кое се решава еден долгогодишен проблем на претпријатието со застареноста на возниот парк.

Градоначалникот најави и ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите на градот со што продолжува инвестирањето во модернизацијата на опремата на јавното комунално претпријатие“, стои во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток