Во сиднејскиот затвор Лонг Беј денеска почина Иван Милат (74), чии монструозни сериски убиства на млади автостопери на почетокот на 90-тите години од минатиот век ги ужаснаа Австралијанците, соопштија затворските власти.
Неговите жртви се две Британски на возраст од 21 и 22 години, двајца 19- годишни Австралијци и тројца млади Германци , на кои им нудел да ги вози. Телата биле откриени помеѓу септември 1992 и ноември 1993 година, закопани во шумата Беланго, на околу 150 километри јужно од Сиднеј. Некои биле заклани, а некои застрелани. Милат исто така беше главниот осомничен за убиствата на три жени кои исчезнаа десет години порано, но нивните тела не биле пронајдени.
Иван Милат е уапсен во мај 1994 г. благодарејќи на сведочењето на британски автостопер, кој чудесно успеал да избега и беше осуден во 1996 година.
Во затворот, тој си го отсекол прстот и му го испратил на судијата.
Во 2015 година, братот на Иван, Борис Милат, изјави пред новинарите дека е сигурен дека полицијата не ги пронашла сите негови жртви и смета дека тој има убиено 28 лица.