Авион на компанијата Лајан Ер удри во бандера пред полетувањето. Пред една недела авион на истата авиокомпанија се сруши над Индонезија и во истиот загинаа 189 лица, а истрагата е се уште во тек.
Авионот Боинг 737-900 се движел по пистата на аеродромот во Бенгкул во Индонезија, и со левото крило удрил во бандера.
Патниците биле сместени во друг авион и со доцнење од 4 часа пристигале на посакуваната дестинација.
Надлежните известуваат дека авионот е приземјен и дека истиот нема да може да лета додека не заврши истрагата.