Видео и Фото

ВИДЕО: Трамп вербално нападна новинари: „Одвратни сте и невоспитани, седи доле“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа имаше конфликт со новинарите на конференцијта за новинари по повод вчерашните избори за американски Сенат и Претставнички дом на Когресот.

На еден од новинарите му рекол да седне, а на другиот но нарекол „невоспитана и одвратна личност“.

Трамп вербално нападна новинари: „Одвратни сте и невоспитани, седи доле“Белата куќа одзеде акредитацијата на новинар од Си-Ен-Ен.

Posted by skopje1.mk on Thursday, November 8, 2018

Како што наведува новинаската агенција, Трамп се изнервирал бидејќи новинарите му поставиле прашање за тоа зошто мигрантската колона во Мексико ја нарекува „инвазија“ на САД.

Исто така му е поставено прашање, зошто на емотивна предизборна кампања се појавува мигрант осуден на смрт поради убиство на двајца полицајци во Сакраменто во 2014 година.

Белата куќа соопшти дека ја одзема привремено акредитација на дописникот на Си-Ен-Ен во американското претседателство, Џим Акоста, пренесе „Асошиејтед прес“.

Одлуката беше донесена по жестоката расправија вчера меѓу Акоста и претседателот Доналд Трамп. Тој започна откако на прес-конференција Акоста постави прашање на Трамп за карванот со мигранти, движејќи се од Латинска Америка кон јужната граница на САД. Кога Акоста се обиде да постави дополнителни прашања, Трамп рече: „Доста!“. Потоа соработничка на Белата куќа се обиде да го земе микрофонот на новинарот. Сепак, нејзиниот обид се покажа како неуспешен.

Прес секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс го обвини Акоста за неприфатливо однесување спрема соработничка на Белата куќа, која се обиде да му го одземе микрофонот.

Новинарот потврди на Твитер дека знае дека е лишен од пристап до Белата куќа, пренесе ДПА. Тој постојано влегува во спорови со претседателот.

Си-Ен-Ен го поддржа својот новинар.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток