Видео и Фото

ВИДЕО: Семејна драма во Штип, извршител исфрли семејство од нивниот дом

Семејството на поранешниот кандидат за градоначалник на Карбинци, Ристе Бањоглав, денеска како на филм остана на улица. Бањоглав пред три години земал заем од 10.000 евра за да подигне фарма од 100тина кози, а како гаранција ја дал куќата под хипотека, објави штипската телевизија Стар.

Иако Бањоглав тврди дека целосно го исплатил долгот кон лихварите, на врата му тропна извршителката на која што наместо 600.000 денари и биле исплатени 920.000 денари, но таа не им дала извештај за увид во исплатата.

Бањоглав тврди дека е жртва на лихварски заговор бидејќи долгот го исплатил, иако дополнително се задолжил.

На почеток