Православните христијани утре – сабота ја празнуваат Задушница. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на  нивната душа.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица. Од оваа пченица се носи на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.