Македонија

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Македонија

Земјотрес со интензитет од 5 степени и епицентар на 14 километри јужно од градот Корча во Албанија утрово беше пошувствуван и во делови од Македонија.

Земјотресот се случи во 6 часот и 25 минути, а неговиот хипоцентар е на 10 километри длабочина.

Земјотресот во Македонија најсилно беше почувствуван во Охрид, Струга, Ресен и Битола.

Извор: Скопје1

Фото: Архива

На почеток