Македонија

Политика и се е можно: Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ разговарале со Мицкоски

Емилија Александрова, во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“ истакна дека остваруваат средби со сите политички партии вклучително и ВМРО ДПМНЕ од каде беа исклучени како членови. Таа напонема дека минатата недела се сретнале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

На прашањето дали има опција повторно да бидат вклучени во партијата, Александрова, во свое лично име, одговори дека „сите разговори вредат“, но потсети и дека и самиот Мицкоски во една прилика порача нешто во стилот „никогаш не вели никогаш“, односно дека „би бил несериозен ако ја отфрли можноста“ за враќање на овие пратеници во партијата.

Целосната изјава на Александрова погледнете ја ТУКА.

На почеток