Свет

На забава во Калифорнија застрелани десет лица – четворица починале

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време на југоисточната страна на Фресно.

Жртвите присуствувале на семеен и пријателски собир во двор на семејна куќа кога непознат напаѓач отворил оган, изјавил началникот на полицијата во Фресно, Бил Дул за новирите во текот на брифингот.

Полициски екипи пристигнале на местото откако добиле повеќе повици во неделата околу 20 часот по локално време, околу 6 часот наутро во понеделник по средноевропско време. Во дополнителните дојави било јавено дека повеќе луѓе се застрелани, според заменикот на полицискиот началник во Фресно, Мајкл Рејд.

Додал дека четворица мажи на возраст меѓу 25 и 30 години им подлегнале на повредите здобиени во пукањето. Еден маж е пренесен во блиската болница, со непозната тежина на повредите. Уште пет жртви во пукањето, исто така, се однесени во болница, но се надвор од животна опасност.

фото: Архива

На почеток