Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.
Во Маврово утринската температура ќе биде најниска – 0, а највисоката, 9 степени, во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од 18 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје максималната дневна температурата ќе достигне до 18 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре и задутре најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок).
Од недела, информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.