Од вечерва на повеќе Фејсбук страни кои се дел од кампањата БОЈКОТИРАМ се споделува постер на кој се наоѓаат сите пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои до овој момент јавно не кажаа дали ќе гласаат на референдумот и како ќе гласаат во Собранието кога договорот од Преспа ќе стигне на гласање.
На постерот е ликот на почесниот Претседател и пратеник Никола Груевски кој е еден од пратениците кои до овој момент ги игнорира повиците на повеќе граѓани, новинари и членови на ВМРО ДПМНЕ кои ги повикуваат пратениците јавно да кажат дали во Собрание ќе гласаат ЗА поддршка на договорот со Грција.
На фотографиите е и Илија Димоски, Вилета Рангелова, Елизабета Камчевска, Никола Поповски, Илија Димовски, Борис Змејковски, Крсте Јовановски, Драган Данев, Сашо Василески, Љубен Арнаудов и други пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои иако некако станале пратеници не се познати и експонирани во јавноста.