Македонија

Сведок од УБК сведочи: Прислушуваните разговори од кои дел биле со судска наредба а дел без, ги снимал на цедиња

Маријан Јанкуловски, сега пензионер, а претходно вработен во УБК, во Петтата управа, денеска сведочи на судењето „Таргет и Тврдина“, односно за нелегалното масовно прислушување во УБК.

Сведокот на почетокот на неговото сведочење кажа како се добивале наредбите да се маркира одреден број.

– Многу доцна дојдоа судски наредби, прво се одеше со ливче или со СМС порака. После тоа началникот Горан Грујевски воведе некои листови, со број, со псевдоними.. Најчесто ги добивавме од Надица Николиќ (обвинета), а потоа ги дававме на репродуцерите кои треба да ги работат и тие претпоставувам ги враќаа на претпоставените – рече Јанкуловски, кој потоа посочи и дека налог за маркирање имал.

Јанкуловски кажа дека на цедиња ги снимал прислушуваните разговори, од кои дел биле со судска наредба, а дел без. Цедињата со прислушувани разговори без судска наредба ги давал на началничката Николиќ, а избеганиот ексначалник на Петтата управа Горан Грујевски еднаш му побарал да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.

Инаку Јанкуловски имал повеќе работни задачи, односно бил задолжен за оддржување и сервис на компјутерите, а потоа и да маркира броеви, поточно маркирач е човекот кој го внесува телефонскиот број во системот за прислушување во УБК. Тој внесувал броеви и во двата системи, и во „Веринт“ и во „Најс“.

фото: Архива

На почеток