Одложено е судењето за случајот ТНТ, за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски. Рочиштето се одложи за 28 ноември, поради нарушена здравствена состојба на една од обвинетите во случајот, Александра Аврамовска-Димитриевска.
имено, адвокатката на обвинетата Александра Димитриевски Аврамовски утрово добила повик од нејзиниот сопруг дека обвинетата е пренесена во приватна болница поради обилно крварење.
На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, а адвоктот Мерџан Даути, кој претходно побара од судот на албански јазик да се преведе целиот предмет за случајот „ТНТ“, а судијата Огнен Ставрев ја информираше јавноста дека испратил известување до Адвокатската комора со барање за дисциплинска постапка, бидејќи според него адвокатот сакал само одолговлекување на постапката.
фото: Архива